32.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Селекторот Милевски држи сѐ под конец на тренингот (Фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација во полна пареа ги одработува подготовките пред септемвриските предизвици. Нашата најдобра селекција прво ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во Прага на 4 септември, а три дена подоцна следува и дуелот од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година против Лихтенштајн во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски внимателно го следи секој потег на фудбалерите на тренинзите и сигурно ја подготвува тактиката за нови успеси на Македонија.

Денеска националниот тим треба да се комплетира со доаѓањето на Дарко Чурлинов и Елиф Елмас, двајцата фудбалери кои вчера потпишаа договори со новите клубови, па сега може стоостотно да се фокусираат на репрезентативните обврски.

- Оглас -

Најнови вести