Одбранбениот 21-годишен фудбалер Андреј Стојчевски, кој е член на словачкиот тим Жилина, за првпат доби повик за настап во сениорската репрезентација на Македонија.
Селекторот на А тимот, Благоја Милевски, за претстојните два меча од Лигата на нациите на гости против Летонија и Ерменија објави список од 25-мина играчи, во кој Стојчевски е единственото ново име.
Тука е и Марио Илиевски од ЦСКА Софија, кој по повредата на Милан Ристовски беше дополнително повикан за септемвриските мечеви со Фарските Острови и Ерменија, на кои Македонија освои 4 бода и сега се наоѓа на прво место во својата група.
Собирот на македонската репрезентација е закажан за 7 октомври во Скопје.
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Марио ИЛИЕВСКИ (ЦСКА Софија 1948)