Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, за мартовските дуели со Малта (квалификации за ЕП 2024) и Фарски Острови (пријателски меч) нема да смета на Стефан Спировски и Бобан Николов, кои досега редовно се наоѓаа на неговиот список.
Подготовките стартуваат на 19 март.