Селекторот Милевски ќе го повика дебитантот Деспотовски за мечевите против Белгија и Казахстан

Некогашниот младински фудбалски репрезентативец, Стефан Деспотовски за прв пат во кариерата добива повик во сениорската селекција на Македонија. Деспотовски кој настапува за тимот на ОФК Београд, ќе биде дел од националниот состав за следните два меча во јунскиот циклус од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.

Македонија на 6 јуни ќе биде домаќин на фаворизираната Белгија, а три дена подоцна ќе гостуваме на Казахстан.

Деспотовски сезонава игра во добра форма во дресот на српскиот тим и заслужено ќе добие шанса од селекторот Благоја Милевски, кој има и проблеми во дефанзивниот ред. Никола Серафинов е повреден, но тој има и пет жолти картони и секако не би бил во конкуренција за дуелот против Белгија, па Деспотовски добива шанса да се докаже и во сениорскиот состав на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести