14.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Селекторот на Албанија најави: Дојдовме да победиме во Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Албанија, Силвињо, денес изјави дека претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Србија е многу важен за неговиот тим и дека е различен од другите натпревари.

„Сите натпревари се важни, но овој е најважен. Пред еден месец имавме натпревар со Латвија, ако не победевме таму, ниту овој натпревар немаше да има смисла. Играме важен натпревар, ако победиме, ја имаме Андора. Не знам дали е најважен, но е специфичен. Тоа е убавината на натпреварите, ја знаеме атмосферата во Тирана, но верувам во добар натпревар тука. Како што реков, тоа е важен натпревар и различен од другите натпревари. Верувам во играчите и дека секој ќе може да одговори на она што е пред него. Дојдовме тука по три бодови“, рече Силвињо.

- Оглас -

Најнови вести