6.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Селекторот на Австрија итно пренесен во болница

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, се наоѓа во сериозно тешка здравствена состојба. Откако имаше операција на скочниот зглоб, се појавија компликации кои го натераа повторно да се врати во болница.

Германските медиуми јавуваат дека 67-годишниот стратег добил таканаречена „болничка бактерија“ по операцијата која ја имаше во Баварија. Затоа наместо да се врати на теренот и да се подготви за следниот меч, Рангник сега се бори со инфекцијата која му го искомплицира закрепнувањето.

Рангник нема да ја води Австрија на мечевите во октомврискиот циклус. Неговото место ќе го заземе асистентот Ларс Корнетка и тој ќе треба да ја води Австрија на мечевите против Сан Марино и Романија во квалификациите за СП 2026.

Колку за потсетување, Рангник првпат беше опериран во јуни, но раната се инфицира и повторно мораше да оди на операција во јули. Иако се очекуваше подобрување на ситуацијата, инфекцијата сега направи сериозен проблем.

- Оглас -

Најнови вести