9.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Селекторот на Австрија врие од нервоза: Излеговме глупави

Фудбалерите на Австрија доживеаја шокантен пораз во Букурешт откако со 1:0 загубија од Романија и тоа со гол примен во 90+5 минута. Главниот судија покажа дека ќе се играат дополнителни четири минути, а Романците буквално во последниот напад постигнаа гол за победа. Веднаш по постигнувањето на голот, беше означен и крај на дуелот.

Со оваа победа Романија ги задржа шансите за пласман на Светско првенство, а селекторот на Австрија, Ралф Рангник, беше многу лут.

„Овој пораз навистина е фрустрирачки. Во последните три минути речиси постојано топката беше во наш посед, а кога останаа уште 30 секунди до крајот, не беше најпаметна одлука да се комбинира во нападот. Кога треба да кажам на добар австриски начин, испаднавме глупави. Едноставно, требаше да го завршиме мечот и да се вратиме дома со освоен бод, а потоа со победа над Кипар да бидеме први. Сега мора да победиме на гости кај Кипар, но ќе мора да внимаваме и на последниот меч против Бих, а тоа не го посакувавме“, рече предводникот на Австрија, Рангник.

- Оглас -

Најнови вести