img#wpstats{display:none}

Селекторот на Белгија се плаши дека капитенот ќе го пропушти ЕП 2020

Потребни му беа само два меча на Еден Азар за да се здобие со нова повреда која ќе го тргне од терените повеќе од два месеца. Белгиецот отсуствуваше речиси 90 дена поради повреда на зглобот, а во мечот против Леванте изминатиов викенд ногата повторно му беше оштетена.

Медицинските прегледи утврдија фрактура, по што му е препорачано да оди на операција и што побрзо да почне со рехабилитација. Во спротивно, сезоната за Азар дефинитивно ќе заврши, а се шпекулира дека може да го пропушти и претстојното ЕП. Голема загриженост покажува селекторот на Белгија, Роберто Мартинес, дека може да остане без својот капитен за континенталниот собир.

„Постојано сме во контакт со медицинскиот тим на Реал, се грижиме за здравјето на Еден и сакаме што побрзо да се реши проблемот. Многу ми е жал што му се случи незгодата, фудбалер како Азар треба постојано да биде на теренот. Ваков тип на повреда може да го тргне од терените дури три месеци, а вистинска штета е што се повреди пред важниот меч за Реал против Манчестер сити“, истакна Мартинес.

Азар оваа сезона пропушти дури 20 натпревари за Кралевите, додека настапи само на 15 на кои постигна еден гол и запиша пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести