31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Селекторот на Бразил го исфрли фудбалерот од репрезентација затоа што нема две вакцини

Бразилскиот селектор Тите го изостави Ренан Лоди од составот за следните мечеви на Кариоките затоа што играчот на Атлетико Мадрид не е вакциниран со две дози за заштита од корона-вирусот.

„Лоди го загуби местото во националниот тим затоа што не е вакциниран“, рече Тите по објавувањето на списокот за мечевите против Еквадор и Парагвај.

„Сите треба да знаат дека вакцинацијата е друштвена одговорност. Јас сум одговорен за моето семејство. Немам родители, но ако имав, ова ќе беше начин на кој ќе сакав да ги заштитам. Лоди самиот е виновен што го загуби местото во селекцијата“, додаде Тите.

Лоди пред три дена ја прими првата вакцина против корона-вирусот и едноставно нема време кога да биде ревакциниран пред почеток на дуелите со Еквадор и Парагвај. Играчот на Атлетико има 15 настапи за бразилската селекција.

 

 

- Оглас -

Најнови вести