Винисиус Јуниор доби повик за репрезентацијата на Бразил за претстојните квалификациски натпревари за СП во Катар.
Селекторот на Бразил, Тите, направи промена во последен миг, по повредата на напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо. Останатите играчи на ростерот се истите.
Фудбалерот на Реал Мадрид, игра во одлична форма на почетокот од оваа сезона и на 15 натпревари има девет гола и три асистенции.
Бразил на 12. овој месец игра против Колумбија, додека пет дена подоцна ги очекува јужноамериканското класико против Аргентина.