Селекторот на Бугарија се пофали: Јас создадов 80 отсто од сегашната селекција на Србија

„Балканската“ група во квалификациите за Европското првенство 2024 година ја сочинуваат Србија, Срван Гора, Бугарија и Унгарија, а единствено „натрапник“ е Литванија. Унгарија и Србија се фаворити за првите две места, но и останатите имаат свои калкулации.

Селекторот на Бугарија, Србинот Младен Крстајиќ ја анализираше групата и се пофали дека тој е најзаслужен за сегашниот репрезентативен состав на Србија. Крстајиќ беше селектор на Орлите од 2017 до 2019 година, а една година претходно беше помошник во стручниот штаб на селекцијата.

„Среќен сум што со фудбалот ќе се вратам во Србија. Групата е многу атрактивна. Унгарија е лидер и игра добар фудбал, но за мене Србија е главен фаворит за првото место. Црна Гора секогаш знае да биде незгодна, а и Литванија може да ги „замрси“ пресметките. Ние во Бугарија формираме млад и амбициозен тим и верувам дека може да го дадеме максимумот. Сепак, не можам сега да зборувам за квалификациите кои реално почнуваат во март следнта година. Под моја команда е формиран 80 отсто од сегашниот тим на Србија, кога и го почнавме подмладувањето“, вели Крстајиќ.

- Оглас -

Најнови вести