Данска направи вистинско чудо на Европското првенство откако по поразите во стартните две кола, успеа да стигне до полуфиналето и таму да биде елиминирана на контроверзен начин. Селекторот Каспер Хјумланд вели дека е разочаран поради начинот на кој неговата селекција била елиминирана.
Хјумланд вели дека немало пенал, но потенцира дека играта требало да биде сопрена затоа што на теренот имало две топки.
„Пет секунди пред Стерлинг да претрча во нашиот шеснаесетник, на четвртиот судија му покажував дека има две топки на теренот. Тешко е ова да се прифати. Во ред е да загубиш натпревар, но не на ваков начин. Играчот трча, а покрај него има и втора топка, а потоа му судат пенал кој не постоеше. Ова е горчлив начин да се испадне од турнирот. Навистина ни е тешко“, вели Хјумланд.
There appeared to be a second ball on the pitch during the play that Raheem Sterling won a penalty for England in extra-time. pic.twitter.com/U9y5BTv0ni
— ESPN FC (@ESPNFC) July 7, 2021