Селекторот на Ерменија разочаран: Не можев да ги препознаам моите играчи на теренот

Селекторот на Ерменија, Олександар Петраков, беше разочаран од поразот во Скопје, посебно затоа што неговиот тим во целото второ полувреме играше со фудбалер повеќе.

„Не го познавам мојот тим во вакво издание. Не знам зошто беше така. Можеби беа заморени по мечот со Летонија, можеби не ни одговараа временските услови или имаа недостаток на концентрација. Сепак, јас не можев да ги пропознаам на теренот. Не одиграа ништо од тоа што им реков да го играат. Се согласувам дека срамота е да се загуби ваков меч кога се има играч повеќе на теренот, но нема да обвинам никого. Целата вина ја преземам јас. Сепак, ова е само фудбал и животот оди понатаму, имаме уште мечеви до крајот во оваа група“, рече предводникот на Ерменија, Петраков.

 

- Оглас -

Најнови вести