Фарски Острови е селекцијата против која Македонија единствено не успеа да победи и тоа на гостински терен во Торсхавн. Сега, Фарски острови ќе гостува во Скопје во меч на кој се знае дека Македонија е прва во групата, додека гостите ќе бараат опција како да го задржат второто место во групата, кое води во баражот за пласман во Б сегментот.
Селекторот на Фарски острови, Хакан Ериксон признава дека квалитетот е на страната на Македонија.
„Добро е да се биде во Македонија и да се игра против Македонија. Честитки за Македонија за освоеното прво место. Тоа е добар тим. Тактички сериозно поткован. Со добри поединци. Ние играме доста затворено, цврсто во одрбана. Македонија е сосема спротивното. Разликата меѓу нас и Македонија е во иднивидуалниот квалитет. Барди на пример. Класа од играч. Тоа не е случајно, таквите играчи. Тоа е чист квалитет“, рече Ериксон на прес конференцијата во Скопје пред утрешниот меч на арената „Тодор Проески“.
Предводникот на фарски острови е задоволен што неговиот тим победи на гости кај Ерменија, со што е остварена примарната цел, а тоа е опстанок во Ц сегментот, но секако апетитите сега се поголеми.
Прво и основно сакавме да ја остваривме првата победа во оваа кампања и добро е што го направивме тоа во Ерменија. Добро е што го осигуравме тоа место во групата, а сега ќе видиме. Целта на победата беше да останеме во Ц сегментот и следната сезона, и тоа е завршено. Мечот против Ерменија беше тежок но тој е зад нас, и ќе видиме што може да извлечеме сега од тимот. Поминати се само два и пол дена од тогаш. Ќе видиме. Ние сега ќе играме за да се пласираме во Б дивизијата и се надевам дека ќе ја искористиме оваа шанса“, истакна предводникот на Фарски Острови.