Селекторот на Фарски Острови Еудун Клакштајн вели дека само еден момент невнимание било доволно за Македонија да даде гол и да победи.
„Ова беше израмнет меч. Македонија имаше посед на топка, ние добро се браневме. Потоа се случи тој еден момент, еден чекор дали е офсајд или не, една грешка и примивме гол. Ние имавме неколку шанси за погодок но не ги искористивме. Разочарани сме затоа што се надевавме на реми, но не успеавме. Честитки на Македонија за одличниот меч за пласманот понатаму. Тие секогаш имаат нешто екстра кога е тесен мечот и победуваат. Посакувам успех на Македонија во следните натпревари“, рече предводникот на Фарски Острови Клакштајн, кој сепак е задоволен затоа што неговата селекција ја избегна последната позиција во групата.