Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, нема да експериментира во преостанатите два квалификациски натпревари за Светското првенство и сака само да постигне две победи за да може Панцерите да се пласираат на Мундијалот кој следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Во последните два меча Германците прво ќе гостува кај Луксембург в петок, а потоа да ја пречекаат Словачка на 17 ноември. Со евентуални две победи, Германија без да зависи од останатите резулати, ќе го обезбеди првото место во групата и директен пласман на планетарниот собир.
„Сакаме на секоја позиција да имаме по двајца квалитетни фудбалери. Тоа е основен модел при избор на тим за голем турнир. Но, сега најважно е да ги освоиме шесте бода во преостанатите два меча и директно да се квалификуваме за Светското првенство. Не сакам да зависиме од други резултати, туку да се потпираме само на перформансите на нашиот тим. Ова е добра почетна точка, но сè уште не сме ги постигнале“, започна Нагелсман на прес-конференцијата на почетокот на подготовките пред завршниот настап во квалификациите.
Германија е прва во групата со девет бодови, исто колку што има и Словачка на второто место поради послаба гол-разлика. Северна Ирска има шест бода, а Луксембург нема освоено ниту еден бод. Најдобрата селекција од групата ќе игра на СП 2026, а второпласираната ќе игра во баражот за пласман на Мундијалот.

