Селекторот на фудбалската репрезентација на Канада, Џеси Марш, во интервју за „Газета дело Спорт“ им порача на фановите на Јувентус дека клубот добил супер напаѓач, тоа е Џонатан Давид кој дојде од Лил.
Давид е првиот Канаѓанец кој ќе заигра за Јуве, а Марш кој го има тренирано и Ерлинг Халанд во Салцбург, смета дека тие се најдобрите напаѓачи на светот.
„Во однос на апсолутната вредност и квалитет, Давид е веднаш зад Халанд. Ерлинг е сила и моќ, Џонатан интелигенција и техника. Но, и двајцата се гол-чудовишта. Не сум изненаден што го избра Јувентус, тоа е врвен клуб. Среќен сум што Џонатан го избра Јувентус. Таму ќе најде сè што му треба: минутажа, играње во Лига на шампиони и клуб со победничка историја“, вели Марш.
„Неговиот главен квалитет е интелигенцијата: тој го познава фудбалот и пред сè ги разбира моментите од натпреварот, и затоа постигнува толку многу голови. Тој ја комбинира техниката со вродениот тајминг: постигнува голови на сите начини. Тој е смирен и свеж. И следствено на тоа, немилосрден“, додава Марш.
Канадскиот селектор е сигурен дека Давид ќе се бори за прв стрелец во Серија А, а на прашањето дали е изводлив напаѓачки тандем Осимен-Давид, тој одговори потврдно.
„Секако. Осимен е централен напаѓач, Давид е повеќе втор напаѓач. Не знам дали тоа ќе се случи, но на хартија би било одлично тандем. Осимен-Давид би бил напад кој би можел да постигне најмалку 50 гола во една сезона“, смета Американецот Марш.