Селекторот на Лихтенштајн е горд на тимот, против Македонија примиле голови во лоши моменти

Стотиот меч на Николас Хаслер во дресот на репрезентацијата на Лихтенштајн заврши со пораз од Македонија од 0-3, а селекторот Конрад Фунфстук е горд на својот тим за прикажаното.

Во Лихтенштајн прифаќаат дека победата на Македонија е заслужена, а во првото полувреме домашните играа и против ветрот, па во 7-ма минута беа изненадени од долга топка, лошо реагираа во одбраната и Миовски го искористи тоа со центаршут на главата на Трајковски кој даде гол со многу ни ја олесни работата. На 2-0 зголемивме пред крајот на полувремето.

Во Лихтенштајн се фалат дека истрчале 7 километри повеќе од Македонија што е јасен показател колку се трудел тимот кој го сочинуваат главно аматери.

„Неверојатно сум горд на тоа како мојот тим се претстави денеска. Првите два гола дојдоа во многу несреќен момент, а кога на полувреме се оди со негатива од 0-2, станува многу тешко да се направи нешто против овој противник“, изјави Фунфстук.

- Оглас -

Најнови вести