Лихтенштајн не беше дораснат противник на Македонија и загуби убедливо со 5:0. селекторот на гостите Конрад Фунфстук вели дека Македонија сигурно ќе се бори за место на завршницата на СП 2026.
„Честитки за Македонија. Одигра неверојатен меч. Во првото полувреме ние бевме добро поставени, но голот што Елмас го постигна беше одличен. Знаевме дека тој ќе биде голема опасност за нашиот гол. Париравме до 70 минута, но потоа нашата игра падна, играчите ја загубија силата и Македонија тоа го искористи. Македонија одигра неверојатно добар меч“, рече предводникот на Лихтенштајн.
Селекторот на Лихтенштајн потенцира дека Македонија има одлична шанса да игра на завршницата на Мундијалот.
„Македонија има златна генерација. На секоја позиција има квалитетен играч и може да парира на секој ривал. Кога го дадоа првиот гол не беа задоволни и продолжија да напаѓаат. Имаат одлични играчи во нападот. И со нерешените мечеви против Велс и Белгија потврдија дека ништо не е случајно и секако дека имаат шанси да се пласираат на СП“, додаде Фунфстук.