7.9 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Селекторот на Македонија У21 е многу разочаран: Оваа генерација пати од наивност и детски болести

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Горан Станиќ, не го криеше незадоволството по поразот со 1:4 на домашен терен на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола од врсниците од Шведска. Станиќ беше разочаран од наивноста во играта на нашите надежи и фактот дека само за неколку минути пад на концентрација дозволуваат мечот да биде во полза на противникот.

„Оваа генерација пати од наивност и детски болести. Во моментите кога требаше да ја задржиме играта, да ја смириме топката, ние направивме кардинална грешка и противникот израми на 1:1. Веднаш потоа примивме и втор гол, а потоа тешко е против толку брза екипа да се вратиме. Бевме казнети од контранапади, но на 2:1 немавме што да загубиме и затоа преземавме поголем ризик. Тоа ни се случи и со Црна Гора, добра игра, шанса 1:0 и потоа примивме два гола и мечот го загубивме за осум минути. Така беше и денеска. Мислам дека играчите треба да го сменат тој чипот, пристапот кон играта, мора да знаат дека на ова ниво не се трпат такви грешки.“

По овој пораз Македонија У21 е на претпоследното петто место на табелата само со една победа и четири порази. Шведска сега има шест бода и е на четвртото место.

- Оглас -

Најнови вести