30.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Селекторот на Малта суспендиран за сексуално вознемирување на играч

Фудбалската асоцијација на Малта привремено го суспендира селекторот Девис Манџа, поради сексуално вознемирување на играч.

Италијанскиот стручњак кој има 48 години, во неделата се однесувал непримерно кон еден репрезентативец на Малта и тоа било пријавено. Инаку, Манџа е оженет, а ова не му е првпат да прави вакви работи.

Додека работеше во Романија, како тренер на Универзитатеа Крајова од 2017 до 2019 година, исто така имаше обвинувања за сексуално малтретирање на играч. Договорот на Манџа како селектор на Малта му истекува следната година.

- Оглас -

Најнови вести