Селекторот на Романија има корона-вирус, ни тоа не го поштеди од критики

Селекторот на Романија, Мирел Радои е позитивен на корона-вирус и можно е да не биде на клупата на својата репрезентација против Македонија на 25. март и три дена подоцна на дуелот со Германија во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.

Радои ќе мора во карантин,а и покрај маката со Ковид-19 не е поштеден од критики во романската јавност по изборот на 26 фурбалери, кои ќе бидат во конкуренција за дуелите со Македонија и Германија, но и против Ерменија на 31. март.

Најмногу прашина се крена поради изоставувањето на Александру Митрица, 26-годишниот офанзивец на Њујорк сити, кој игра како позајмен фудбалер за Ал Ахли во првенството на Саудиска Арабија.

„Радои си повика играчи кои ни одблизу не се талентирани и квалитетни како Митрица. Александру треба да биде главен адут на романската репрезентација, но нашиот селектор за чудо не го ни повика. Кој е критериумот за настап за националниот состав немам поим, искрено“, остро реагира поранешниот романски репрезентативец, Џика Крајовеану.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести