Селекторот на Саудиска Арабија е незадоволен, го смени целиот тим по еден час игра против Македонија

Селекторот на Саудиска Арабија, Ерве Ренар не е задоволен од тоа како функционираа неговите избтраници цел час против Македонија во Абу Даби и во 60-та минута го замени целиот тим, односно направи 11 измени.

Популарните Зелени Соколи наидоа на голем отпор од комбинираниот состав на Македонија и по 70 минути игра нема голови на пријателскиот дуел во Обединетите Арапски Емирати.

Саудиска Арабија ќе игра на Мундијалот во Катар во ноември и декември годинава и мечот против Македонија е еден од последните тестови пред настапот на СП.

Од 21. ноември кога ќе стартува Светското првенство Саудиска Арабија ја очекуваат дуели во Ц групата со Аргентина, Мексико и Полска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести