Селекторот на Саудиска Арабија има совет за Французите како да играат против Меси!

Саудиска Арабија во првото коло ја шокираше Аргентина со 2-1, и овој тим предводен од селекторот Ерв Ренар, кој е Французин, засега е единствениот кој излезе на крај со Лионел Меси и неговите другари.

Аргентина е на пат да ја освои третата светска титула, а и Франција сака по трети пат да се искачи на врвот. Ренар за француските медиуми, откри дел од неговата тактика како треба Триколорите да го чуваат Меси.

„Меси игра како да има 25 години. Невозможно е целосно да го запрете, но може да биде лимитиран. Мојот план против него беше постојано да има чувар кој ќе стои точно пред него и тоа дисциплинирано да се почитува“ – вели Ренар.

Дали Дидие Дешан ќе го послуша сонародникот и во неделното финале ќе испрати „фластер“ кој ќе биде залепен пред Меси, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести