28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Селекторот на Саудиска Арабија одреди 27-мина фудбалери за мечевите со Македонија и со Чешка

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерв Ренар, го објави списокот на фудбалери кои ќе учествуваат на подготвителниот камп во Чешка овој септември. Како дел од кампот, Саудијците ќе одиграат два пријателски натпревари.


Првиот ќе се игра на 4 септември против Македонија на стадионот „Викторија Жижков“ во Прага, додека вториот е закажан за 8 септември против домашната репрезентација на Чешка, на стадионот „Малховска“ во Храдец Кралове.

На списокот на Ерв Ренар се најдоа вкупно 27-мина играчи:


Наваф Ал-Акиди, Абдулрахман Ал-Санби, Мохамед Ал-Јами, Осама Ал-Мармаш, Мутаб Ал-Харби, Џихад Дакри, Мохамед Сулејман, Саад Ал-Муса, Хасан Ал-Тамбунадширахан, Бушел, Насер Ал-Досари, Саад Ал-Насер, Мухтар Али, Зиад Ал-Џани, Мохамед Кано, Абдула Ал-Каибари, Салем Ал-Досари, Абдулрахман Ал-Абауд, Ајман Јахја, Абдула Ал-Хамдан, Мусаб Ал-Џуваир, Муханад Ал-Салех, Муханад Ал-Салех, Ал-Салех Ал-Брикан.

- Оглас -

Најнови вести