Репрезентацијата на Хаити е на чекор да се пласира на Светското првенство 2026 за првпат по 1974 година. Тоа може да се случи веќе ноќта вторник кон среда по македонско време, а за тоа ќе им биде потребна победа над Никарагва, но и Хондурас да не слави над Костарика. Сепак, во игра се и за пласман во дополнителните квалификации.
Селектор на Хаити е Французинот Себастиен Миње, но тој никогаш не стапнал на територија на земјата која ја води. Паравоено структури имаат завземено поголем дел од главниот град на Хаити, Порт-о-Принс, па тој вели дека едноставно е преопасно, но и воопшто нема летови.
Сите репрезентативци на Хаити играат во други држави, а домашните натпревари ги играат на неутрален терен, најчесто во Курасао, но и покрај тоа се на чекор од пласман на Мундијалот.

