7.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Селекторот на Шпанија повторно го повика Јамал, од Барселона возвратија дека е повреден

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте го објави списокот на играчи на кои ќе смета за следните средби во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Шпанија ќе игра против Грузија и против Бугарија, а со две победи, Црвената фурија може да го обезбеди местото на завршницата на Мундијалот кој ќе се игра следната година.

На списокот на селекторот Де ла Фуенте повторно се наоѓа тинејџерот Ламин Јамал. Овој 18-годишник се повреди на претходниот меч за Шпанија, па мораше да паузира 20-тина дена и поради тоа не играше на неколку средби за Барселона.

Јамал неодамна се опорави, а сега повторно е викнат во националниот тим. Селекторот на Шпанија вели дека е сосема логично да го повика фудбалерот кој е подготовен за настап, иако во изминативе неколку недели трпеше притосок од Барселона, дека тој е виновен за повредата на најдобриот млад играч во светот.

„Ме изненадја изјавите од Флик затоа што тој бил селектор и претпоставував дека има емпатија, но нема проблем. Ме обвинил дека не се грижам доволно за Јамал? Веќе не се ни сеќавам што ми има кажано“, рече Де ла Фуенте.

Сепак, неколку часа по објавување на составот, од Барселона објавија дека Јамал е повреден. Тинејџерот го пропушти денешниот тренинг, а од каталонскиот клуб најавија дека ќе паузира две до три недели. Тоа значи дека Јамал нема да игра на дербито против Севилја, но нема да биде достапен ниту за репрезентативните дуели на Шпанија.

Се очекува Јамал да биде подготвен за Ел Класико против Реал Мадрид кое е закажано 26 октомври.

- Оглас -

Најнови вести