19.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Селекторот на Шпанија дрско му контрираше на Ханси Флик

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во изминатиов период неколкупати го обвинуваше селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, како еден од главните виновници што двајца клучни играчи на каталонскиот гигант се повредија за време на репрезентативните обврски.

Тинејџерот Ламин Јамал не игра веќе неколку средби, но се очекува конечно да се врати во составот и да биде подготвен, нешто што не може да се каже и за Гави. Играчот за врска заработи тешка повреда на коленото, поради која мораше да се оперира и сега му следува долг период на рехабилитација. Прогнозите се дека Гави ќе паузира четири до пет месеци.

Сега селекторот на Шпанија, Де ла Фуенте, реши да му врати на Флик, и тоа на дрзок начин. Откако беше запрашан што мисли за реакцијата на Флик, шпанскиот селектор кратко одговори: „Сега, во овој момент, не се сеќавам што има кажано Флик. Ниту се сеќавам, ниту ме интересира“, рече Де ла Фуенте.

Засега Барселона и без Јамал и Гави на теренот победуваше во домашното првенство и останува во чекор со Реал Мадрид, кој е лидер во Примера со максимални 18 бода.

- Оглас -

Најнови вести