Селекторот на Шпанија загрижен пред мечот со Косово

Шпанија в среда е домаќин на Косово во меч од квалификациите за СП 2022. Црвената фурија е апсолутен фаворит, но селекторот Луис Енрике истакна дека е загрижен пред мечот.

„Загрижен сум, многу сум загрижен пред мечот со Косово. Ако не ја играме најдобрата игра, ако немаме прецизност и свежина, ќе мора да победиме со срце и со глава. Шпанија мора да биде на следното Светско првенство, не размислувам за неуспех“, рече Енрике, кој не е задоволен од првите два меча на Шпанија.

Во првото коло од квалификациите Шпанија дома одигра 1:1 против Грција, а потоа едвај со пресврт славеше на гости кај Грузија со 2:1. Сега Косово е следен ривал.

„Знам дека сите противници имаат квалитет, дури и кога не се работи за селекции кои се меѓу најдобрите. Повеќе се мачиме со вакви противници, отколку кога играме против Швајцарија, Германија или Украина“, додаде Енрике.

Косово во првиот меч од квалификациите на свој терен загуби од Шведска со 0:3.

 

- Оглас -

Најнови вести