Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со Азербејџан и Литванија во рамките на квалификциите за женското ЕП кое се игра во ноември и декември годинава.
Нашите најдобри ракометарки прво имаат гостување во Баку против Азербејџан на 3 април, а потоа на домашен терен ќе ја пречекаме Литванија на 7 април.
Ова се ривали кои ги победивме есеноска и треба само да се повтори тоа за ново учество на континенталниот шампионат во женска конкуренција.