Селекторот откри како течел целиот разговор со Роналдо кога му соопштил дека нема да биде стартер

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош зборуваше за „случајот Роналдо“ и за тоа како се случило капитенот на националниот тим да не биде стартер на мечот против Швајцарија. Сантош откри дека самиот му соопштил на Роналдо за одлуката дека нема да биде стартер, а потоа објасни и како реагирал фудбалерот.

„Да разговарав со Роналдо. Ќе беше многу лошо ако не правевме муабет за тоа. Од моментот кога го превземав националниот тим, секогаш сум имал добри односи со сите фудбалери и добра комуникација. Секако дека мора да се разговара, посебно кога се работи за Роналдо кој е наш капитен. Знаете што преставува тој за нашиот тим, за нашиот фудбал и за нашиот народ“, рече Сантош, кој додаде дека целата одлука била поради тактички причини.

„Разговорот се случи на ден на мечот против Швајцарија. До тогаш не зборевме. Имавме еден разговор и му објаснив зошто нема да биде стартер. По ручекот седнавме и му кажав, затоа што не сакав да биде изненаден. Го повикав во канцеларија и му реков: „Слушај, да знаеш дека нема да бидеш стартер. Тоа е подобро поради стратегијата“. Очекував тежок меч и ми беше потребен да биде свеж во второто полувреме. Не беше среќен, затоа што секогаш сака да игра. Ми рече: „Сигурен си дека тоа е добра идеја?“ Тоа беше нормален разговор и Кристијано нормално ја прифати мојата одлука“, открива Сантош.

Одлуката на селекторот Сантош на крајот се покажа како вистинска и точна, затоа што на местото на Роналдо во стартниот тим шанса доби Рамош, а овој млад напаѓач врати со одлична реализација постигнувајќи хет-трик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести