Францускиот стручњак Ерв Ренар, кој како селектор на Саудиска Арабија на Светското првенство во Катар успеа да ја победи Аргентина, која потоа стана првак, на клупата на Саудијците ќе биде уште на две средби, а потоа ќе направи изненадувачи чекор во неговата кариера.
Ренар ќе биде селектор на женската репрезентација на Франција.
Саудиска Арабија на 24 март игра пријателски дуел со Венецуела, на 28 со Боливија и тука ќе се заврши престојот на Ренар во Азија.
Се враќа дома и уште на почетокот на април (на 7 април играат контрола со Колумбија) треба да почне да работи со женската репрезентација на неговата татковина. Ренар досега нема водено женски тим и ова ќе му биде прво такво искуство.