11.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Селекторот Станиќ најавува голема борба против Шведска и Полска во Битола

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година на 13 и 18 ноември ќе биде домаќин на квалификациски натпревари за Европското првенство 2027 против Шведска и против Полска. Двата натпревара ќе се одиграат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Селекторот Горан Станиќ ги повика следните фудбалери:

Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера);

Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија);

Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички).

Нови имиња во тимот на Станиќ се Софијаноски и Мурати.

„Анализирајќи ги претходните четири натпревари, можам да кажам дека резултатски не сум задоволен. Според прикажаната игра на теренот, заслуживме најмалку четири бода повеќе во дуелите со многу силни противници, кои се фаворити во нашата група. Сепак, скапо нè чинеа неколку индивидуални грешки. Против квалитетни  репрезентации како овие со кои играме нема простор за такви пропусти. Нè очекуваат два тешки натпревари против селекции кои играат модерен и брз фудбал, но ние имаме квалитет да се спротивставиме на кој било противник. Ќе играме храбро, како и на секој натпревар и целта ни е да постигнеме позитивен резултат“, изјави Станиќ.

ФФМ објави дека продажбата на билети за натпреварите против Шведска и Полска се одвива преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола. Цената на билет изнесува 200 денари.

„Бидете поддршка за нашите фудбалски надежи во важните квалификациски натпревари“, порачаа од ФФМ.

 

- Оглас -

Најнови вести