Селекторот урлаше и пцуеше, па ватерполистите на Србија ги победија Американците (Видео)

Србија победи против САД со 17-13 во едно од дербијата на Светското првенство во ватерполо, а во првото полувреме српскиот селектор Дејан Савиќ на тајмаут одржа еден говор кој стана хит.

„Кој к.. ви е? Што сте вакви млитави? Какви ви се тие движења? Сите сте млитави. Враќајте се таму и сакам да видам спринтови, јасно?“, викаше Савиќ.

Овој тајмаут беше кога Американците поведоа со 7-6. На крајот Србите сепак триумфираа убедливо благодарение на ефикасната игра во последната четвртина.

- Оглас -

Најнови вести