Некогашната фудбалска ѕвезда на ексјугословенската репрезентација, Фарук Хаџибегиќ, сега како селектор на Босна и Херцеговина ќе се обиде да биде дел од едно големо натпреварување како што е Европското првенство во 2024 година. Хаџибегиќ како играч беше дел од Светското првенство во Италија во 1990 година и настапи на сите пет средби за тогашна Југославија. Со 61 настап за овој национален тим, тој е на петтото место на вечната листа.
Хаџибегиќ сега како селектор на Босна и Херцеговина во првото коло на свој терен го пречекува Исланд. Коефициентите во Sport Life потенцираат дека БиХ ја има фаворитската улога, но Хаџибегиќ вели дека не се согласува со тоа дека неговите избраници се фаворити.
„Не би се согласил дека сме фаворити. Ќе ви кажам дека сме фаворити само ако ги победиме. Имам почитување кон колегата и работата што ја врши. Овој е многу важен меч и резултатот е многу битен. На сите нам ни е желба да одиме на ЕП. Првото и второто место се опција, а тука се и бараж-дуелите. Ние сакаме, имаме желба, но и противниците имаат желби. Ќе се обидеме да одиграме офанзивно и да стигнеме до резултатот што го посакуваме“, рече Хаџибегиќ пред утрешниот меч.