Селекторот всушност го „исфрлил“ Бензема од составот непосредно пред СП!?

Карим Бензема ја имаше најдобрата година во кариерата и заслужено ја освои Златната топка, која се доделува за најдобриот фудбалер во светот. Со оваа награда во своите раце, Бензема беше дел од составот на Франција за Светското првенство во Катар и се очекуваше да биде предводник на теренот.

Сепак, само на еден ден пред стартот на Мундијалот се случи шок. Поради повреда на ногата, Бензема мораше да го напушти францускиот состав и си замина од Катар. По победата на Франција во полуфиналето над Мароко, селекторот Дидие Дешан беше запрашан дали постои шанса Бензема да се врати во составот за да биде дел од финалето, а предводникот на Франција едноставно прокоментира дека нема да одговори на тоа прашање.

Веднаш потоа започнаа шпекулациите дека Бензема и Дешан не се во добри односи и дека токму селекторот не му дал поддршка на фудбалерот, туку само му рекол: „Жал ми е што мора да нѐ напуштиш“. Бензема едноставно немал намера да си оди од репрезентативниот состав во Катар, но тоа од него го побарал селекторот.

Француски „Лекип“ пишува дека селекторот му бил лут на Бензема уште од моментот кога  напаѓачот ја доби Златната топка затоа што на говорот што фудбалерот го даде по добивњето на оваа награда, во ниту еден момент не го спомнал името на Дидие Дешан како еден од оние што се заслужни за неговата добра година.

Бензема веќе неколку дена тренира со Реал Мадрид и веќе одигра еден контролен меч, но нема да патува во Катар за финалето в недела против Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести