Синоќа се комплетира првото коло од европските натпреварувања на УЕФА, а дека веќе нема аутсајдери, покажаа екипи од Сан Марино и Гибралтар. Тимот на Ла Фиорета со гол во 87-мата минута стигна до израмнување со водство од 1:0 против белорускиот Ислоч Минск на неутрален терен во Унгарија.
Со тој резултат, тимот од Сан Марино ја анулира негативата од првиот меч, кој го загуби со 1:0, па следуваа дополнителни 30 минути, а на крајот пеналите решаваа, па тимот од Сан Марино победи и стана првата екипа од оваа земја што поминала едно коло во квалификациите. За Ла Фиорета ова беше и прва европска победа дури по 26 меча одиграни во натпреварувањата на УЕФА.
https://twitter.com/i/status/1814033904149602797
Освен тимот од селото во Сан Марино, во следната фаза оди и екипата на Бруно Магпи од Гибралтар. Ова е тим кој е формиран во еден пивски паб во Гибралтар во 2013 година. Минатата сезона овој тим заврши на третото место во првенството на Гибралтар и доби шанса да игра во Конференциската лига, а прв ривал им беше Дери сити од Ирска. По првиот меч, тимот од Гибралтар победи со 2:0, а на реваншот Дери сити имаше водство од 2:0 по 90 минути, па мораше да се играат продолженија.
Во 111-тата минута, гостите од Гибралтар дадоа гол и намалија на 1:2, а токму тој погодок беше доволен за вкупна победа од 3:2 на тимот Бруно Магапи.
Историска победа забележа и екипата на Интер Ескалдес, кој со убедливи 5:1 го победи Вележ од БиХ. Првиот меч заврши 1:1, а синоќа тимот од Андора немаше милост кон ривалот од Босна и Херцеговина и го победи со 5:1.
Inter – Velež 5:1 pic.twitter.com/w3HJJ8QbU3
— Xilk Trops (@reziser87) July 19, 2024
Во првото коло од квалификациите, Македонија имаше три преставници и ниеден не ја помина првата фаза. Шампионот Струга ТЛ два пати загуби од Слован Братислава (4:2 и 2:1), Шкендија два пати загуби од Ноах со 2:0 и 2:1, а Тиквеш е единствениот тим кој барем еднаш победи и тоа со 3:2 над Бреидаблик, но синоќа на гости загуби со 3:1 и кавадарчани беа елиминирани од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.