Селта доминираше 80 минути, излезе Аспас, па беше оддувана од каталонски 8-минутен ураган (Видео)

Барселона губеше дома од Селта со 0-2, после 78 минути игра, тогаш гостинскиот тренер Рафа Бенитес (25 години не знаеше за гостински пораз од Барселона) го извади од игра Јаго Аспас, и со тоа како да му го извади срцето на тимот од Виго, а Барса сурово го казни тоа.

Од 81-ва до 89-та минута Каталонците дадоа три гола, двапати Левандовски и еднаш Кансело, и со трите бода се вратија на чело на табелата. Полјакот Левандовски даде 6 гола на последните пет меча за Барса.

Ова е голот на Кансело за победа од 3-2:

https://twitter.com/i/status/1705648888768614806

- Оглас -

Најнови вести