Селта граби кон Лигата на Европа

Селта оствари важна победа на гости против Реал Сосиедад славејќи со 0-1. Со овој триумф, гостите од Виго се на чекор до пласман во Лигата на Европа следната сезона.

Селта успеа да стигне до водство со голот на Алфонсо Гонзалес во 44-та минута од мечот.

Реал Сосиедад е во очајна форма во финишот на сезоната. Ова за баскискиот тим беше шести натпревар без победа, по што се наоѓаат на 12-тата позиција со 43 освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести