Селта има серија од седум меча без пораз, Ливерпул мора да освојува бодови ако сака да игра во Европа

1010 Лидс – Ливерпул (21.00 часот)

Ливерпул игра очајно сезонава и повеќе од извесно е дека може да остане без пласман во Лигата на шампионите, а може да остане и без Европа. Ливерпул има 12 бода помалку од четвртопласираниот Њукасл, и е во серија од четири меча без победа во Премиер лигата.

Лидс пак до крајот на сезоната го чека борба за опстанок бидејќи има само два бода повеќе од Нотингам Форест кој е во зоната за испаѓање.

Првиот меѓусебен дуел сезонава на „Енфилд“ заврши со триумф на Лидс, но Ливерпул е без пораз на последните седум гостувања на „Иланд Роуд“ и има пет победи и две ремија, а последниот пораз на гости го доживеа во 2000 година.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.02)

 

1310 Селта – Мајорка (21.00 часот)

Ова е пресметка на два тима од средината на табелата кои играат добро во последно време. Селта е во серија од седум меча без пораз, додека Мајорка има две ремија во низа. Вечерва гостите ќе бидат ослабени бидејќи пет играчи се повредени. Последниот меч меѓу овие два тима кој се играше на стадионот „Балаидос“ во Виго заврши 4:3.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (2.15)

 

1648 Јонг Ајакс – Јонг ПСВ (20.00 часот)

Натпреварите од втората холандска лига се гаранција за голови, а посебно кога меѓу себе играат вторите екипи на Ајакс и ПСВ. Гол разликата на Јонг Ајакс е 58:61, а таа на Јонг ПСВ е 51:51. Последен натпревар кој завршил без голови, вторите тимови на Ајакс и ПСВ, го одиграле во 2020 година.

Предлог тип: 1+I & 2+II (1.95)

 

2608 Гетеборг – Малме (19.10 часот)

На почетокот од месецов започна новата сезона во шведскиот шампионат, и Малме има шанса да биде единствен тим со максимални три победи во три меча ако го совлада Гетеборг. Гетеборг пак очајно ја започна сезоната со два порази и гол разлика 0:3 и вечерва ќе ја има аутсајдерската улога. Малме новата сезона ја започна со победи над Калмар од 1:0 дома и над Бромапојкарна (2:1) на гостиски терен.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.60)

 

2807 Рандерс – Нордсјеланд (19.00 часот)

Нордсјеланд е главен конкурент на Копенхаген во битката за титулата, има 46 бода, два помалку од лидерот. Рандерс е во одлична серија, на последните три меча освои седум бода, а во последното коло го совлада Копенхаген. Последните два меѓусебни меча завршија со победа на Нордсјеланд од 2:0 и 3:1. Последната победа на Рандерс е остварена во 2021 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.14)

- Оглас -

Најнови вести