1010 Вест хем – Борнмут (21 ч.)
Вест хем е едно од непријатните изненадувања во Премиер лигата. Лондонскиот тим има само 11 бода од 11 кола, додека нивниот денешен ривал има освоено два бода повеќе.
Традицијата вели дека дуелите на овие два клуба изобилуваат со погодоци, па на последните 10 средби одиграни во изминативе шест години, вкупно имало 39 погодоци, односно речиси по четири гола во просек на средба.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)
1603 Селта Виго – Хетафе (21 ч.)
Селта е во криза и има три порази во низа, па дуелот против Хетафе им доаѓа во вистински момент, акој се знае дека тимот од мадридското предградје има само девет бода во првите 10 средби.
Минатата сезона Хетафе изненади победи на гости во Виго, што е дополнителен знак дека домаќините треба да бидат претпазливи, за овојпат да нема изненадувања.
Предлог тип: 1 (1.95) – Квота од Супер типот
3613 Сасуоло – Верона (20:45 ч.)
Верона е тимот со најлоша форма во Серија А и затоа има пет порази по ред. Сасуоло е тим кој реално знае да се снајде со вакви ривали, а интересни се резултатите во последните пет дуели на овие два клуба, кога имало многу погодоци и завршувале со резултатите: 2:4, 2:3, 3:2, 0:2 и 3:3.
Тоа значи дека на четири од последните пет средби било ГГ4+, што во овој случај носи голема квота и е примамлива за оние кои сакаат да ризикуваат.
Предлог тип: ГГ4+ (3.00)
2885 Сепси – ФЦСБ (20 ч.)
Фокусот на овие две екипи е да бидат во Топ 6 на табелата и да разигруваат за титулата. Кога играат меѓусебе, очигледно дека најважно им е да не загубат, па не случајно на пет од последните шест средби одиграни во последните две години, било нерешено.
Сепси ја има предноста на домашен терен и би требало да освои барем еден бод, но секако дека тие ќе атакуваат на цел плен.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.80)
3208 Зенит – Сочи (19 ч.)
Нема сомнеж дека домаќините се големи фаворити и се освен победа на Зенит, ќе биде изненадување. Зенит во просек постигнува по речиси три погодоци во првенството, а Сочи и нема некој стабилен дефанзивен ред.
Предлог тип: 1&3+ (1.57)