6035 Порто – Црвена ѕвезда (21 ч.)
Дуел на две екипи кои се научени да редат победи, па Порто сезонава има осум триумфи во исто толку средби. Црвена ѕвезда беше елиминирана од Пафос во ЛШ и мораше да се задоволи со настап во Лигата на Европа, каде што во првото коло ремизираше 1:1 со Селтик.
Факт е дека Порто ја има улогата на фаворит, но Црвено-белите од Белград знаат да дадат отпор.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)
6034 Селта Виго – ПАОК (21 ч.)
Селта загуби во првото коло од Лигата на Европа, па едноставно вечерва мора да брка освојување на три бода ако не сака брзо да излезе од комбинација за висок пласман на табелата.
Во домашното првенство Селта имаше пет меча по ред на кои резултатот беше 1:1, а потоа претрпе два идентични порази со 2:1. Токму тоа што тимот од Виго уште нема ниедна победа сезонава е дополнителен притисок, но и мотив вечерва конечно да се радуваат на триумф.
Предлог тип: 1&0-3 (2.50)
6036 Базел – Штутгарт (21 ч.)
Ова е меч на два тима кои негуваат отворен фудбал и се навикнати да одиграат со повеќе погодоци. Базел на шест од последните 10 меча во сите натпреварувања игра со комбинацијата гол-гол 3+, па се очекува во сличен стил да се одвива и денешниот меч.
Штутгарт е во улога на фаворит, но сепак германскиот тим тоа треба да го докаже на теренот.
Предлог тип: ГГ3+ (1.79)
6884 Спарта Прага – Шемрок роверс (21 ч.)
Овие два клуба играа минатата година во квалификациите за Лигата на шампионите, а Спарта без мака победи двапати, и тоа 4:2 дома и 2:0 на гости. Тоа јасно потврдува дека и сега тимот од Прага, посебно пред своите навивачи, е голем фаворит за победа, но сега играат во лигашка фаза од Конференциска лига.
Шемрок игра одлично против ривалите од Ирска, но сепак сега ривалот е многу посериозен.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.35)
6022 Рома – Лил (18:45 ч.)
Рома сезонава под водство на тренерот Џанпјеро Гасперини има главна цел да игра цврсто во одбраната, па ако може и само со еден гол да го добие мечот. Во сите пет меча во Серија А, Римската волчица сезонава одигра со максимум два гола, а со фактот дека и сега за ривал има тим од Франција, може да се очекува пресметка без многу погодоци на „Олимпико“.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.45)