9.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Селта врза пет победи по ред, му се потсмева на Манчестер јунајтед (Фото)

Селта има серија од пет победи по ред во сите натпреварувања, а по петтиот триумф кој беше во Загреб против Динамо од Лигата на Европа, клубот од Виго преку социјалните мрежи се пошегува со гигантот Манчестер јунајтед.

Од Селта објавија фотографија од навивачот на Манчестер јунајтед, Френк Илет, без коса. Илет во октомври 2024 година вети дека нема да ја скрати косата сè додека неговиот сакан клуб не победи на пет натпревари по ред.

Досега поминаа 397 натпревари од почетокот на предизвикот, а Црвените ѓаволи никако да врзат пет победи по ред. Илет е целосно обраснат. Да навиваше за Селта, ќе беше ќелав.

- Оглас -

Најнови вести