Селтик им забрани на своите навивачи да доаѓаат на стадион

Познатата навивачка група на шкотскиот гигант Селтик, Зелена бригада, доби забрана за присуство на стадионот на нивниот омилен тим. Поништени се сите претплатни билети, а клубот како причина за ваквиот потег го наведе прекршувањето на клупските правила.

Оваа навивачка група досега имаше забрана за присуство на гостински натпревари, но сега ситуацијата ескалира, па нема да смеат да влегуваат ниту на сопствениот стадион. Капката која ја „прели чашата“ е фактот дека оваа навивачка група на својата трибина истакна стотици палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка за Палестина, иако од клубот беа предупредени дека тоа не смее да го прават.

Освен истакнувањето на палестинските знамиња, од Селтик потенцираат дека оваа одлука за забрана за присуство на домашните натпревари се и пиротехниката која беше користена на дуелот против Феенорд, насилното влегување на трибините на дуелот против Мадервел, илегалното влегување на трибините на мечот против Лацио и насилно однесување кон луѓето кои се поставен да бидат обезбедување на дуелот во Единбург.

Навивачката група Зелена бригада е формирана во 2006 година и има посебно место на северната трибина на стадионот. Често прават разни кореографии и истакнуваат транспаренти, а неретко го кажуваат и своето мислење за некоја политичка тема. Така беше и за конфликтот меѓу Израел и Палестина, па трибината беше преплавена со знамиња на Палестина. Токму тие знамиња беа клучни за да се случи оваа најконтроверзна одлука од челниците на Селтик, а тоа е домашните фанови да добијат забрана за влез на стадионот, а првиот меч на кој оваа забрана ќе се примени е вечерва, кога на „Селтик парк“ ќе гостува Сент Мирен.

- Оглас -

Најнови вести