36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Селтик конечно ќе победи, Клуж и Јанг Бојс имаат лесни задачи

1557 Спортинг – Брага (21:45 ч.)

Со мечот од Суперкупот се најавува новата сезона во Португалија. Шампионот Спортинг и освојувачот на Купот, тимот на Брага, ќе играат во борба за првиот трофеј сезонава. Брага одигра дури седум контролни меча летово и не загуби ниеднаш, а тоа што е впечатливо е дека четири завршија нерешено, а дури на пет немаше повеќе од два гола, што само сдава потврда на тоа дека одбраната е главен фокус на овој тим.

Дека не треба да има многу погодоци вечерва потврдува и традицијата, која  вели на последните четири меѓусебни дуели дури три пати имало само еден гол, а еднаш биле дадени два погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.30)

 

2434 Клуж – Чиндија (21 ч.)

Клуж игра против екипата која ја игра третата сезона во елитното романско друштво. Овие две екипи во изминативе три години одиграа пет меча, а Клуж има четири победи и само едно реми. Чиндија во овие пет меча има дадено само еден гол против големиот ривал.

Освен двете победи во првенството, Клуж веќе има и две поминати кола во квалификациите од Лигата на шампиони, па домаќините треба да продолжат во ист триумфален ритам.

Предлог тип: 1-1 (2.15)

 

3204 ЦСКА Москва – Локомотив Москва (19 ч.)

Московското дерби секогаш носи посебен шмек. Локомотив е тимот кој е полн со самодоверба затоа што ги доби последните четири меча со ЦСКА. Домаќинот на овој меч има само една победа во последните 10 средби со Локомотив.

Во вакви дерби средби најчесто нема многу погодоци и се решава со некој индивидуален потег.

Предлог тип: 0-1 I& 0-1 II (2.30)

 

1602 Хартс – Селтик (21 ч.)

Шкотските Срца се повратници во елитното друштво, а на стартот дома го добија Селтик. Шкотскиот гигант е разнишан откако беше елиминиран во квалификациите во Лигата на шампиони од Мидтјеланд, а во пријателски мечеви против Хест хем загуби со 2:6, од Престон беа поразени со 1:0, а не успеаа да го победат ни Бристол сити.

На мечот против Хартс, Селтик да ја врати самодовербата и конечно да победи.

Предлог тип: 2 (1.87) – Супер тип во Sport Life

 

1922 Јанг Бојс – Грасхоперс (20:30 ч.)

Јанг Бојс го елиминираше Слован од Братислава во квалификациите од ЛШ, но во првото коло од домашното првенство загуби од Луцерн со 3:4.

Одбраната на шампионот не е на посакуваното ниво, но затоа се ефикасни во нападот. Грасхоперс игра очајно и има осум порази на последните 10 меча кои ги одигра.

Предлог тип: 1&3+ (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести