Селтик го порази Ренџерс со 3-2, и на седум меча до крајот на сезонава има 12 бодови предност пред вечниот ривал, со што прашањето околу првакот на Шкотска практично е одлучено.
Ова беше четврти меѓусебен дуел сезонава, а Ренџерс не победи ниеднаш. Последниот триумф на Сините над Селтик беше во 2021 година, а на „Селтик парк“ не победиле од октомври 2020. Во првенството, Селтик има серија од шест меча по ред без пораз во „Олд Фирм“ дербито.
Кјого Фурунаши со два гола, и Жота, беа стрелци за Селтик. На трибините немаше фанови на Ренџерс.
Ако е некаква утеха за Ренџерс, најубавиот гол попладнево го постигнаа тие, двојниот стрелец Џејмс Таверние (дојде до бројка од 100 гола за Ренџерс) погоди од слободен удар за 1-1. Погледнете го неговиот гол-убавец:
GOAL | Celtic 1-1 Rangers
(James Tavernier) #Tavernier #CELRAN
pic.twitter.com/uGTJzuh7Ql— All Football (@AllFooty_) April 8, 2023