Деветте голови кои вчера ги постигна Ливерпул против Борнмут, беа инспирација за Селтик да го повтори истото во својот денешен меч од шкотската Премиер лига. Селтик како гостин го прегази Данди јунајтед со 9-0 и остана со перфектен скор од 15 бода после пет кола.
Ова е најтежок домашен пораз за Данди јунајтед во нивната клупска историја.
Првите три гола за Селтик ги постигна Јапонецот Кјого Фурухаши, кој сега има 6 погодоци сезонава, и се искачи на прво место на листата на стрелци во шкотската лига. Бојан Миовски кој за Абердин има пет гола, сега е втор.
Најубав од деветте гола беше вториот. Погледнете го погодокот на Фурухаши:
https://twitter.com/i/status/1563856534689677312