Селтик победи без да шутне на гол, навивачите направија хаос на шкотското дерби (Видео)

Селтик обезбеди пласман во полуфиналето од шкотскиот ФА куп, откако на пенали го елиминираше вечниот ривал, Глазгов Ренџерс. Она што е интересно за овој меч е фактот дека Селтик ниту еднаш не се закани кон противничкиот гол, а на крајот успеа да го победи големиот ривал.

Македонскиот репрезентативец, не доби шанса за настап, па мечот го гледаше од клупата за резервни фудбалери.

По натпреварот следуваше вистински хаос на теренот. Навивачите на Селтик со палестински знамиња влетаа на теренот за да слават, а тоа не им се допадна на домашните фанови, па и тие влетаа на тревник, а епилогот е јасен – физичка пресметка помеѓу двете навивачки групи.

 

- Оглас -

Најнови вести