1816 Шалке – Кајзерслаутерн (20.30 часот)
Шалке во првото коло загуби од Хамбургер со 5:3, но амбициите се експресно враќање во Бундеслигата и за тоа е потребно екипата да освојува бодови на домашен терен. Прв предизвик за Шалке е поранешниот германски шампион Кајзерслаутерн кој во првото коло загуби на домашен терен од Сент Паули со 1:2. Интересно е што повеќе од една деценија овие две екипи немаат играно меѓу себе. Причина за тоа е што Кајзерслаутерн изминатите повеќе од десет години ги помина во втората и третата германска лига.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.40)
3143 Динамо Загреб – Горица (21.00 часот)
Динамо Загреб по поразот во првото коло во домашниот шампионат, нанижа три убедливи победи, две во квалификациите за пласман во ЛШ против против Астана (4:0,2:0) како и против Истра (3:0) во хрватската лига и влегува во посакуваната форма пред клучните мечеви во ЛШ. И Горица која минатата сезона едвај се спаси од испаѓање, има одличен старт на сезоната, во првите две кола освои четири бода. На стартот ремизира со Вараждин (1:1), а потоа ја совлада Локомотива. На овој натпревар за сè ќе се прашуваат Модрите и се очекува добрата форма да ја потврдат со победа.
Предлог тип: Т1 & 1-3 I & 1-3 II (2.15)
5608 Ал-Итихад – Ал-Хилал (20.00 часот)
Ова е прв директен дуел на саудиските екипи кои беа меѓу најактивните во летниот преоден рок. Ал-Итихад летово го направи најголемиот трансфер на фудбалскиот пазар, му даде годишна плата од 200 милиони евра на Карим Бензема, а притоа ги донесе и Жота и Нголо Канте. Ал-Хилал пак се засили со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невеш и Калиду Кулибали. Саудиските екипи ќе играат во четвртфиналето на Арапскиот куп на шампиони кој се игра пред стартот на сезоната во саудиската Про лига, а имињата на Бензема, Жота и Ромарињо од едната и на Милинковиќ-Савиќ, Невеш, Ал-Хамдан се гаранција дека ќе има голови на овој натпревар.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.13)
1922 Јанг бојс – Винтертур (18.00 часот)
Швајцарскиот шампион Јанг бојс во првите две кола освои четири бода, ја совлада Лозана и ремизира со Ивердон, додека Винтертур освои само еден бод и тоа благодарение на ремито со Луцерн. Во претходниот меч кој го играше на гости, против Базел загуби со 5:2. Минатата сезона, Јанг бојс ги доби двата меѓусебни меча кои ги играше пред своите гледачи, со 5:1 и 2:1 и се очекува повторно да ги освојат бодовите.
Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.30)
1241 Селтик – Рос Каунти (13.30 часот)
Селтик одбаната на титулата во шкотската Премиер лига ќе ја започне пред своите гледачи против Рос Каунти. Тука нема никакви дилеми, Селтик со победа ќе го започне новиот шампионат, а и традицијата е на нивна страна. Селтик нема пораз пред своите гледачи против Рос Каунти овој век, а последен пат ремизиран пред седум години. На последните шест меѓусебни меча кои се играа на „Хампден парк“, Селтик има шест победи со гол разлика 20-1.
Предлог тип: 1-1 & 2+ II (2.09)