Селтик за едно полувреме го направи досадно Олд-фирм дербито во Шкотска (Видео)

Селтик конечно по 7 неуспеси по ред, успеа да го победи вечниот ривал Глазгов ренџерс, и тоа убедливо со 3:0, а најстарото градско дерби во Европа беше решено веќе по првото полувреме.

Блескаше јануарското засилување на Келтите, Рео Хатате, со два гола, првиот во петтата минута, а вториот во 42-рата минута.

Олд-фирм дербито беше решено само по 45 минути игра, кога и Абада погоди на асистенција на јунакот на мечот Хатате за 3:0 по првиот дел.

Ренџерс доминираа во дуелите со Селтик во последно време и имаа шест победи и едно реми од 2019 година, но сега беа декласирани.

Со победата на „Селтик парк“, домаќините го презедоа и врвот на табелата од вечниот ривал со кој играат натпревари во три века, односно од 1888 година.

Селтик сега има 57 бода, еден повеќе од Глазгов ренџерс по 24 одиграни кола во најсилната шкотска лига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести